Преку Кожуф Македонија сериозен конкурент во светскиот туризам!

Bez autora
Jul 27 2011

Во полн ек се градежните активности за изградба на регионалниот пат Коњско - Кожуф во должина од 17,5 километри. Делницата води кон ски-центарот Кожуф и со изградбата ќе се зголеми безбедноста на туристите кои патуваат кон Кожуф. Досега тие беа принудени да патуваат по технички пат. Изграден е мост, а патот, кој е предвидено да има две коловозни летни, се покрива со асфалтен слој. Работниците на Гранит", кои работат на теренот, се оптимисти и очекуваат дека патот ќе биде готов пред предвидениот рок од 18 месеци. Почнавме во 2007 година, но светската економска криза предизвика намален интерес за инвестирање. Сепак, очекуваме дека многу скоро ќе се изгради патот и ќе биде пуштен во употреба. Ова е редок пример државата да му дава поддршка на приватниот бизнис.

Преку Кожуф Македонија сериозен конкурент во светскиот туризам!Во полн ек се градежните активности за изградба на регионалниот пат Коњско - Кожуф во должина од 17,5 километри.

Делницата води кон ски-центарот Кожуф и со изградбата ќе се зголеми безбедноста на туристите кои патуваат кон Кожуф. Досега тие беа принудени да патуваат по технички пат.

Изграден е мост, а патот, кој е предвидено да има две коловозни летни, се покрива со асфалтен слој.

Работниците на Гранит", кои работат на теренот, се оптимисти и очекуваат дека патот ќе биде готов пред предвидениот рок од 18 месеци.

Ангел Наков, директор на Кожуф" потврдува дека патот отсекогаш бил проблем за туристите.

- Почнавме во 2007 година, но светската економска криза предизвика намален интерес за инвестирање. Сепак, очекуваме дека многу скоро ќе се изгради патот и ќе биде пуштен во употреба. Ова е редок пример државата да му дава поддршка на приватниот бизнис - вели Наков.

Регионалниот пат Коњско (Смрдлива Вода) - Кожуф со должина од 17,4 километри почна да се гради кон почетокот на март, а камен-темелникот го поставија вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и директорката на Агенцијата за патишта, Наташа Волкановска.

Седумнаесетте километри модерна инфраструктура треба да придонесат Македонија силно да конкурира во туризмот преку ски-центарот Кожуф", но и да ја поттикне економијата на околните општини, како Кавадарци, Неготино, Демир Капија и на осумдесетина села.

Првите луѓе на ски-ресорот велат дека економските придобивки од државната инвестиција вредна седум милиони евра ќе има за целиот регион и за имиџот на Македонија, но и дека дел од нив се видливи само со најавата дека се гради регионален пат. Во овој ски-центар има и странски инвестииции од земјите на ЕУ и соседна Грција.

Ски-центарот Кожуф" претставува една од најголемите приватни инвестиции во Македонија. Според најавите на менаџерите полниот капацитет на центарот треба да овозможи да се отворат околу 1000 работни места, а уште над 3000 да се ангажираат од придружните индустрии. Оттука и изградбата на регионалниот пат Р112 во буџетот се води како капитална инфраструтурна инвестиција. Проектот е дел од планот на Владата за обнова на патната мрежа на државата. Со изградбата на овој патен правец, покрај тоа што се поврзуваат два региона, се воспоставува и директна врска меѓу општината Гевгелија и скијачките терени на Кожуф.

Надлежните институции сметаат дека реализацијата на проектите од овој вид, чија цел е подобрување на транспортната инфраструктура, се меѓу основните за развој на туризмот, одржлив економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Директорот на ски-центарот Кожуф", Наков, во неколку наврати веќе укажа дека со изградбата на овој регионален пат се отвора најголемото богатство на Македонија на светскиот туристички пазар.

Во последната зимска сезона ски-центарот Кожуф" им понуди на туристите 26 апартмани кои се наоѓаат на влезот во населбата. Секој од апартманите се простира на широчина од 30квадратни метри, вклучува бања и кујна со мини бар и легла за 4 лица. Сите апартмани имаат подно греење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik